Дали ова е нашата иднина? Една од водечките авио-компании во светот прикажа како би изгледале патувањата по коронавирусот

725

Една од најпознатите авио-компании, „Emirates“, прва почна да ја практикува таа пракса.

Често се прашуваме како ќе изгледаат патувањата по пандемијата коронавирус, но авио-компанијата „Emirates“, со седиште во Дубаи, почна со тестирање на патниците пред истите да влезат во авионот.

Според соопштението на авио-компанијата, првите брзи тестирања на Ковид-19 започнале во средата, на меѓународниот аеродром во Дубаи, а патниците на летот за Тунис биле тестирани пред полетувањето на авионот.

Тестовите ги спровела здравствената управа во Дубаи на Терминал 3, а резултатите биле достапни во рок од 10 минути.

Од компанијата тврдат дека тие се првата светска авио-компанија која што спровела такви тестови.

„Работиме на плановите да да ја зголемиме можноста за тестирање во иднина и истата да ја прошириме и на другите летови“ – изјавил Адел ал Реџа, главниот оперативен директор на компанијата.

„Ова ќе ни овозможи да спроведеме брзи тестови на лице место и да им дадеме потврда на патниците дека можат да патуваат во други земји“ – заклучил тој.