Дали ќе се затвора Македонија? Филипче за денеска во 11 часот закажа прес конференција

754

Утрово Комисијата за заразни болести заседава за евентуални нови рестриктивни мерки кои би ги предложила до Владата.

„На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да ви кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не“, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче во 11 часот закажа конференција за медиуми на која најверојатно ќе ги соопшти одлуките од седницата на Комисијата за заразни болести.