Мицкоски го објави тимот за Обнова на Македонија: Силјановска, Кедев, Дурловски и Ристовски нови стручни соработници

711

Македонија живее тешко секојдневие, народот живее сиромашно, со проблеми и систем кој не функционира. Животот во Македонија е полн со неправди, сиромаштија и несигурност. Се нема концепт и визија, се нема план, но затоа криминал и корупција се насекаде околу нас. Целта на оваа октопод влада е како да украдат денар повеќе, како да се збогатат… Затоа излеговме на терен, бидејќи сакаме да слушнеме што мисли народот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– До сега повеќе од 10.000 граѓани го кажаа својот проблем. Ние ќе понудиме решение за проблемите. ВМРО-ДПМНЕ го следи времето и модерните текови, во таа насока формирав тим од стратешки соработници од врвни професионалци, кои ќе се вложат бидејќи на Македонија по сите порази и требаат успеси. Овој тим кој ќе го стави на располагање своето знаење за Обнова на Македонија, ќе се дообликува во периодот што следи, рече Мицкоски.

Во тимот се: Гордана Силјановска Давкова, Сашко Кедев, Владимир Дуковски, Хозе Караско, Игор Дурловски, Влатко Гигов, Јанко Баждавела, Борко Ристовски, Сања Божиновска, Ака Махмут, Лазар Јовески, Зоран Марков, Гоце Наумовски, Гоце Андреевски, Александар Климовски, Коста Митровски…

– Мојата визија за Македонија е земја која ќе биде напредна. Нам ни е потребна обнова во секој сегмент. Не сум човек кој ветува чуда, но ви ветувам многу работа. ВМРО-ДПМНЕ ќе го мобилизира тој потенцијал, додаде меѓудругото Мицкоски.