Твитот на Ненси Пелоси пред четири години предизвика бура на социјалните мрежи: Лицемерие, двојни стандарди, поттикнува насилство

53

Корисниците на Твитер ја обвинуваат социјалната мрежа за двојни стандарди, реагирајќи на твитот на претседателката на Претставничкиот дом во Конгресот на САД, Ненси Пелоси од 2017-та година, кој содржи тврдења дека изборите во 2016-та година биле украдени.

Голем број на корисници на Твитер се посомневаа во доследноста на оваа социјална мрежа, тврдејќи дека и твитот на Пелоси поттикнува насилство.

Токму овој аргумент Твитер го искористи минатата седмица за трајно да го деактивира корисничкиот профил на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Се чини дека постојат двојни стандарди во врска со тоа што е дозволено на Твитер“, вели еден корисник, додека друг целата ситуација ја опиша како лицемерие.

Да потсетиме, откако Трамп започна да тврди дека е извршена измама на последните претседателски избори, социјалните мрежи Твитер и Фејсбук под неговите објави „појаснуваа“ дека неговите тврдења се неосновани.