Во обраќањето на годишниот самит „Конкордија“ во Њујорк грчкиот премиер Алексис Ципрас меѓудругото говореше за иницијативите на Балканот, споменувајќи го и прашањето за името. Грчкиот премиер рече дека спорот по речиси три децении стигнува до крај, а неговата визија е Грција, како водечка сила, да го одведе целиот регион до стабилност, соработка и просперитет.
– Презедовме важни иницијативи Балканот да го направиме стабилен, безбеден и просперитетен дел од Европа. Видовме дека постои прозорец на можности за да се надмине едно прашање што беше трн за Грција и Европа речиси три децении. Прашањето со поранешната југословенска Република Македонија стигнува до крај. Со почитување на нашата историја, со почитување на нашите народи, рече Ципрас.
Грчкиот премиер се осврна и на економската криза со која се соочуваше Грција, велејќи дека земјата сега веќе сврти страница и застана на нозе, јави дописничката на МИА од Атина.
Во однос на бегалскиот проблем, Ципрас рече дека е европски проблем за кој е потребна заедничка европска стратегија за справување.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















