Чудо во Њујорк: Прв викенд без пукање и убиства после 25 години!

751

Изминатиот викенд во Њујорк бил првиот викенд во кој не биле забележани пукотници и убиства во последните 25 години, соопшти њујоршката полиција.

„Имавме петок, сабота и недела без пукање и убиства“, се пофали Џејмс О’Нил, првиот човек на њујоршката полиција пред американските новинари.

„Тоа се случува за прв пат после децении и на тоа треба да бидат горди сите Њујорчани, а не само њујоршките полицајци“, додаде шефот на њујоршката полиција.

Последниот викенд во кој што не било забележано слично такво насилство во Њујорк бил во далечната 1993-та година.

Инаку, според податоците на њујоршките власти, во Њујорк минатата година се случиле 292 убиства, што е во секој случај намалување, на пример во однос на претходната 2016-та година кога биле регистрирани 334 убиства.