Чудо од авион: Американците започнаа со развој на најнапредниот воен авион на сите времиња

923

Американската компанија „Локид Мартин“ го започна развојот на хибридниот воен авион од петта генерација “F-22 Raptor” кој ќе биде комбинација на досега најдобрите борбени авиони на американската воена авијација.

Како што е објавено од страна на американската компанија, новата верзија на „Раптор“ ќе биде опремена со најсовремената опрема на борбениот авион “F-35” кој што моментално е најмоќниот борбен авион на светот, но во овој случај хибридниот авион ќе добие низа на структурни промени.

Воениот експерт, пензионираниот генерал во американското воено воздухопловство Дејвид Дептула, кој што сега инаку е декан при Истражувачкиот воздухопловен институт „Мичел“, потврди дека моментално се работи на хибридна верзија на авионот.

„Правиме хибриден авион. Ова не е “F-22”. Ова нема да биде ниту “F-35”. Ова е нивна комбинација и авионот може да се направи многу побрзо од развивање на комплетно нов модел“, изјави Дептула за американските медиуми.

Според изворите од Пентагон, американските медиуми откриваат дека од „Локид Мартин“ ја проучуваат можноста за надградба на своите борбени авиони поради проценетата закана која што доаѓа Кина и Русија во следната деценија.

Хибридот на „Раптор“ бил една од неколкуте понудени можности на Пентагон и американските сојузници, а одлуката да се изработи хибрид била донесена затоа што била најисплатлива и наједноставна, а воедно сето тоа ќе значи и произведување на најдобриот авион со кој што ќе располага американската воена авијација и секако, најдобриот авион во светот.

Дептула тврди дека модернизираниот „Ф-22 Раптор“ ќе ѝ овозможи на американската армија да го преброди периодот до развојот на борбените авиони од шеста генерација.