Самитот за Западен Балкан одржан во Софија во рамките на Берлинскиот процес не донесе видливо решение на македонско – бугарскиот спор за почнувањето на преговори за членство во ЕУ за Северна Македонија.
Во своето обраќање премиерот Заев порача дека има обновен импулс и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување и за спроведување на пристапните преговори и таа шанса треба да се зграпчи.
Бугарскиот премиер Борисов спомна ништо за барањата на Софија околу историјата и јазикот на Македонците, а во изјавата бугарскиот премиер кажа дека има многу симболика во заедничкото претседавање со Берлинскиот процес меѓу Бугарија и Македонија.
Германската канцеларка Ангела Меркел пак им порача на двајцата лидери да продолжат да соработуваат.
Со оглед на информациите за отфрлувањето на нон-пејперот подготвен од Германија за одблокирање на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ од страна на Бугарија, следен датум до кога се очекува евентуално решение за спорот е 17 Ноември кога ќе се одржи состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, на кој треба да се донесе одлуката околу преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















