Централен регистар одлучи да го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

512

По барањата за одложување на рокот за доставување на годишна сметка Централниот регистар одлучи да го продолжи рокот за електронско поднесување на годишна сметка до 25 март до 24 часот.

„Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот ковид-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови. Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за трговски друштва.

Иако заклучно со вчерашниот ден над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак како сервисно ориентирана институција, секогаш сме подготвени да одговориме на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности“, соопшти Централниот регистар на Македонија.