Цените на енергенсите може да се стабилизираат дури на почетокот на 2022

604

Цените на енергијата, кои растат и ги загрижуваат пазарите, треба да се смират до крајот на првиот квартал од 2022 година, изјави Гита Гопинат, главен економист на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Засега, дури и на краток рок – во текот на неколку зимски месеци, цените на енергијата ќе бидат високи, очекуваме повторно да почнат да паѓаат до крајот на првиот и во вториот квартал од следната година“, рече Гопинат во интервју за Агенција Франс прес.

Таа призна дека голем ризик е доколку дојде до многу студена зима која што може да доведе до многу поголеми прекини на електричната енергија и тоа ќе има многу поголемо влијание во светот.

„Најлошото сценарио е да имаме особено студена зима на северната хемисфера со зголемена побарувачка за енергија. И во исто време, да не го решиме проблемот со нарушувања во синџирите на производство “, додаде таа.

Таа не очекува кризата да биде толку голема како што беше во текот на 1970 -тите, бидејќи светот во целина е многу зависен од енергија. Таа додаде дека ќе биде потребно многу повисоко зголемување на цените на бензинот и дека тоа ќе доведе до „стагфлација“, односно многу висока инфлација и стагнација на растот.