Сите чинители, вклучително и граѓаните треба да дадат придонес во намалувањето на аерозагадувањето во градот. Оттаму се категорични дека УСЈЕ не е причинител за ваквите состојби и треба да се лоцираат вистинските загадувачи.
– Цементарница УСЈЕ со внимание ја следи загриженоста на јавноста во врска со состојбите во градот Скопје и смета дека сите треба да дадеме придонес во решението, особено во лоцирање на вистинските причинители, а податоците јасно укажуваат дека УСЈЕ не е причина за ваквите состојби. Како отворена компанија, ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, организации и институции во петок во 10.30 часот, да дојдат и да ја посетат нашата компанија, за да се запознаат со сите процеси во компанијата и да добијат одговори на сите прашања што сметаат дека се од нивен интерес – соопштуваат од УСЈЕ.
Оттаму потсетуваат дека од 2011 година имаат Интегрирана А еколошка дозвола со оперативен план од Министерството за животна средина и просторно планирање.
– Оваа дозвола гарантира строго почитување и имплементирање на сите законски обврски и континуиран независен мониторинг на сите активности на компанијата. Работењето на компанијата се следи од Државниот инспекторат за животна средина и оваа институција редовно врши контроли на компанијата. Сите податоци од мерењата се и јавно достапни на страницата на Министерството за животна средина и на интернет страницата на компанијата www.usje.com.mk. Тие јасно укажуваат на фактот дека УСЈЕ во целост ги исполнува законски предвидените услови и емисиите се во просек неколку пати пониски од законски дозволените концентрации – велат од УСЈЕ.
Операциите на цементарницата се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината и тоа преку независен мониторинг.
– Опремата со која се врши мониторингот е на производителот SICK–Maihak од Германија, а одржувањето и калибрацијата на инстументите го врши надворешна компанија, која има авторизација од производителот и е акредитирана од Институтот за стандардизација на Република Македонија – велат од УСЈЕ.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











