Цел живот сте ставале дезодоранс во погрешно време: Ова е единствениот правилен начин!

236

Ова е потполно погрешно време за нанесување дезодоранс!

Луѓето најчесто го започнуваат денот со одење во тоалет, миење, средување, облекување и ставање дезодоранс.

Истражувањата покажале дека доколку нанесете дезодоранс пред да заспиете, тој подобро ќе се впие во текот на ноќта и со самото тоа ќе има посилно дејство наредниот ден.

Во состојба на мирување, кожата подобро го прифаќа дезодорансот одошто во утринските часови. Во текот на ноќта, или генерално во текот на лежењето, телесната температура опаѓа и во таква состојба речиси воопшто не се потиме или значително помалку.

Тогаш пазувите остануваат суви, а потните жлезди не се толку активни и со самото тоа најдобро ги впиваат состојките од дезодорансот чие дејство се засилува. Дезодорансите ве штитат од 12 до 24 часа, така што ќе бидете сигурни и заштитени од непријатните мириси во текот на целиот ден.

Најголемиот процент луѓе користат дезодоранс веднаш по туширањето, а тоа е голема грешка. Влажната кожа многу тешко апсорбира што било, а особено дезодоранс, така што поголемата количина завршува на облеката.

Освен тоа, никако не облекувајте нешто веднаш по нанесувањето дезодоранс. Кога ќе го ставите, почекајте да се исуши на кожата па тргнете со облекување за да не ви заврши поголемиот дел од дезодорансот на облеката.