Бугарите загрижени по изгласаните измени на законот за здруженија во македонското собрание

60

Додека тримесечниот рок за измени на имињата на бугарските здружение формирани во Македонија бугарското МНР се јави со соопштение во кое изразува загриженоат по изгласаните измени на Законот за здруженија во македонското собрание, велат дека со измените ќе се ограничи правото на здружување на Бугарите во Македонија. А Консултативното тело формирани во Скопје ќе врши интерпретацијата на историските личности и настани базиран исклучиво на доминантната официјална интерпретација во Македонија, што пак е нема да ја деблокира работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Бугарското МНР изразува силна и сериозна загриженост по изгласаните измени на Законот за здруженија и Законот за политички партии во македонското собрание. Целта е велат дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија, што е пак повод е еднострано толкување на историските факти.

Од бугарското МНР потсетуваат дека ограничувања од ваков карактер веќе им биле наметнати на Бугарите во Македонија во минатото. Потсетуваат и на забраната на организацијата „Радко“ во 2001-та. Сметаат дека „Консултативното тело“ на Министерството за правда ќе врши еднострана интерпретација на дадено име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност. Овој пристап, пишува во соопштението на бугарското МНР значи  неподготвеноста да се деблокира работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

  • МНР на Бугарија: Посебен проблем е одлуката на Собранието на Северна Македонија воопшто да не го вклучи комунизмот како тоталитарна и репресивна идеологија во спроведувањето на усвоените измени. Сè уште нема законска мерка или механизам за рехабилитација и обештетување на убиените и повредените за време на комунистичкиот режим во поранешна СР Македонија, прогонувани и репресирани исклучиво поради нивниот бугарски идентитет.

Министерството за надворешни на Бугарија оценува дека овие законски измени го попречуваат ефективно и сеопфатно спроведување на Договорот за добрососедство. Ги повикуваат македонските власти во духот на стратегијата „Едно општество за сите“ да обезбеди услови за претставниците на етничките заедници да ја задржат и развиваат својата култура, идентитет и традиција.

Во средата пратениците во македонското собрание едногласно ги донесоа законските измени   кои забрануваат имиња, програми и активности поврзани со фашизам или ширење национална и верска омраза, со што ја стопираа можноста здруженија и партии да се нарекуваат Ванчо Михајлов, Цар Борис Трети, Цар Фердинанд и слично. Оние кои се веќе формирани треба да направат промени во рок од три месеци за да не бидат избришани од Централниот регистар.