Британската пејачка искрена: “Го изневерував сопругот со женски проститутки, сосема бев изгубена”

0
244

Британската пејачка Лили Ален, која е позната по искреноста и отвореноста, во својот живот никогаш не криела детали, но сепак многу работи открила во биографијата “My Thoughts Exactly” која пристигнува наскоро.

Лили открила дека долго време страдала од пост породилна депресија, а тргнала на турнеја откако го објави албумот “Sheezus” во 2014 година.

“Изгубив свест за себе, својот идентитет. Бев лоша мајка и бев лоша во мојата работа. Ќе се разбудев во попладневните часови од денот во автобусот за турнеја и бев мамурна. Го изневерував мојот сопруг”, рекла неодамна Лили, која од бизнисменот Сем Купер се разведе пред две години.

На Инстаграм Лили сподели и некои детали за изневерувањето на поранешниот сопруг.

“Спиев со женски проститутки кога бев на турнеја. Бев изгубена и барав нешто. Не сум горда, но не се срамам. Не го правам тоа повеќе”, напишала и додала дека сè ќе биде откриено во нејзината автобиографија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here