Сонце, море и исончани тела: Каде летуваат познатите манекенки?

1446

Социјалните мрежи, наместо за дружба, се повеќе служат за промоција. Па така, освен што се рекламираат фирми, настани и слично, станаа и одлично место за самопромовирање на секси стегнатите тела на познатите дами. Овој тренд, кој ни го наметнаа светски познатите фаци, им ја олесни работата на папараците, кои некогаш имаа полни раце работа и требаше да чекаат по цел ден за да фатат некоја манекенка во костим за капење или во послободна варијанта, а денес нема потреба од такво нешто, затоа што се е сервирано на тацна.

Селебрити убавиците сами си се фалат по Инстаграм, денот го стартуваат со нова фотка и нова приказна, а во меѓувреме на сите страни кукаат за тоа дека им недостасува интимност и дека “копнеат” да уживаат во одморите без никој да ги демне. Но, штом ќе ги отворите нивните профили на социјалните мрежи ќе се уверите во спротивното – фотографии се множат на секои пет минути, се разбира, на истите ја има омилената поза, совршената насмевка…

Не недостасуваат ниту коментари, а богами ниту “чекирањето” – ова чисто за да се знае кој колку може и умее.

Па така, Алесандра Амбросио неодамна објави фотографија како ужива на Тихиот Океан. Со фотка од одмор се пофали и црномурестата убавица Наоми Кембел, а Синди Крафорд пак покажа каков поглед има од хотелската соба во која е сместена. Прекрасната Џоан Смолс направи храбра фотографија – позира со морска раја, додека пак Емили Ратајковскипомина неколку дена на грчкиот остров Миконос од каде не почести и со неколку топлес фотки.

Домашните манекенки и убавици топлес не се сликаат, но затоа пак позираат заводливо во костими за капење.

Во моментов, една од најубавите жени кај нас, Надица Горгиева одмара во Франција со сопругот Иво Јанковски од каде секојдневно преку социјалните мрежи не ажурираат за активностите кои ги имаат, додека, пак, Марјана Станојковска на ден прави по пет фотки во различно бикини.

Со храбра фотка од плажа Инстаграм фановите ги почести и Емилија Розман која се сончаше во соседна Бугарија ова лето.