Светски славната пејачка Кети Пери (35), која пред неколку дена објави дека е бремена, беше фотографирана на аеродром како го напушта Сиднеј ден откако актерот Том Хенкс објави дека тој и неговата сопруга се заразени со Ковид-19.
Паниката е присутна насекаде, а не е имуна ниту пејачката која веднаш го напуштила хотелот во Сиднеј на 12-ти март.
Кети сакала да помине без да ја забележат,ама тоа не и тргна одрака иако беше речиси мскирана со тренерка и дуксер, со качулка на главата, очила за сонце и голема перница преку нејзиниот стомак.
ФОТО:ПРИНТСКРИН/ЈУТЈУБ
Кети Пери и нејзиниот свршеник, актерот Орландо Блум и поранешен сопруг на Миранда Кер, го очекуваат своето заедничко првото дете.
Инаку, пејачката била во хотелот „Парк Хајат“ во Сиднеј, односно истиот хотел каде престојувалеТом Хенкс и неговата сопруга, кои моментално се во карантин.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















