Браќата Станислав и Никола осудени на смрт со стрелање поради брутално убиство врз учителката

1119

Двајца браќа се осудени на смрт поради брутално убиство на својата поранешна учителка во Белорусија, последната земја во Европа во која не е укината смртната казна. Станислав Костсев (19) и неговиот брат Илија (21) треба да бидат стрелани со куршум во тилот, пишува „Мирор“.

Последната надеж на двајцата млади убијци била да ги помилува белорускиот претседател Александар Лукашенко, но и таа им се изјалови, бидејќи тој веќе јавно ги нарече „шљам“. Лукашенко рече дека се чувствува лошо секој пат кога потпишува налог за погубување, а досега од 1994 година потпишал околу 250. Поштедил само еден осуденик на смрт.

Ладнокрвната двојка е прогласена за виновна за убиство на 47-годишната нивна поранешна учителка Наталија Костриста, која ја избоделе околу сто пати, а потоа ја запалиле и нејзината куќа. Се одлучиле на одмзада откако таа ја контактирала социјалната служба бидејќи сметала дека сестрата на нејзините двајца поранешни ученици треба да го изгуби старателството на две малолетни деца.

На судот биле изнесени стравични детали од злосторството што ја потресе Белорусија.

„Ја боделе и сечеле цела ноќ. Ја убивале со часови. Ги моела, проколнувала да престанат, но ја докрајчиле“, рекол обвинителот.

Илија и Станислав се бранеле дека биле пијани – „вотката им го заматила разумот“.