Бјути навики од кои треба да се ослободите пред 30-тите

732

За тоа дека негата на кожата е најважен фактор за убава и здрава кожа, научивме во 20-тите години од нашиот живот.

Не постои шминка која ќе изгледа убаво на нечиста кожа која не добива доволно нега. За важноста на SFP факторот, можеме да зборуваме секојдневно, но исто така може да зборуваме и за многу работи кои покрај препаративната козметика, влијаат на нашата кожа.

Одбравме осум потези кои до 30-тата година би требало да ги исфрлите од списокот со навики, за вашата кожа да остане младолика и здрава.

Користење шминки после рокот на траење

Обидете се да водите евиденција кога ги купувате производите и ослободувајте се од нив навреме. На пример, маскарата за очи не би требало да ја користите повеќе од три месеци, а палетата со сенки за очи, не подолго од 18 месеци.

Прекраток сон

Обидете се своите обврски да ги распоредите така што ќе ви овозможат осум часа сон, секоја ноќ. Недоволната количина на сон, освен на изгледот на кожата, може интензивно да влијае на вашето здравје.

Прескокнување SPF заштита

Веќе на почетокот споменавме дека заштитниот фактор е исклучително важен чекор во нега на кожата. SPF би требало да носите преку целата година, бидејќи UV зрачењето е присутно и во деновите кога ви изгледа дека повеќе нема сонце.

Нездрава исхрана

Вашата кожа прва ќе покаже дека нездраво се храните. Обидете се и покрај работата и обврските да јадете здраво и рамномерно, планирајте ги своите оброци и неколку денови претходно.

Спиење со шминка

Колку и да сте уморни, никогаш, ама баш никогаш не смеете да легнете во кревет со шминка на лицето. Темелното чистење мора да го спроведувате секоја вечер, бидејќи во спротивно ќе ви се запушат порите, ќе се развијат бактерии и кожата побргу ќе ви остаре.

Користење погрешна козметика

До 30-тите би требало да научите колку е важно да го читате составот на производите. Исто така, дотогаш би требало да сфатите каков тип на кожа имате и според тоа да купувате соодветна козметика.

Занемарување на деловите околу очите

Кожата околу очите е многу чувствителна и бара посебна нега. Исклучително е важно да ја најдете соодветната крема и никако да не заборавите да го негувате тој дел секое утро и вечер.

Допири на лицето

Од мали учиме колку бактерии се насобираат на нашите дланки, а замислете што сè може таа површина да му направи на вашето лице. Избегнувајте да го допирате лицето со дланките, а ако нанесувате мејкап на вашето лице со прстите, претходно добро дезинфицирајте ги.