„Бјути бар“ совети – Пет знаци дека итно ви е потребно шишање

237

Шишањето на косата е исклучително важно за одржувањето на нејзиниот квалитет. Затоа, ако забележите некои промени кои негативно се одразуваат, не го избегнувајте фризерот, а ние како опција ви го нудиме салонот за убавина и нега „Бјути бар“.

Подобро неколку сантиметри пократка коса, отколку долга и неуредна. Ова се 5 знаци кои ви укажуваат дека мора веднаш да се шишате.

„Бјути бар“

1. Уништена форма

Со самото растење косата покрај должината ја менува и формата. Но, таа може да се униши и од честото врзување во коњско опавче или пунџа. Штом ја изгубите формата, посетете фризер и скратете ја колку што е потребно.


2. Испукани врвови

Повеќето девојки одат на фризер дури откако ќе ги видат испуканите врвови. Фризерите тврдат дека тоа е погрешно и дека оние со помека коса редовно треба да се шишаат на секои 6 недели, а тие со погуста на 8 недели. Сепак, доколку често употребувате преса, фигаро и фен, се препорачува шишање на 3 недели.

„Бјути бар“


3. Безживотна коса

Доколку забележите дека влакната ви се суви или косата премногу залепена, тогаш мора да ја скратите. Влакното се храни од коренот, па доколку е многу долга косата, „храната“ не стигнува до крајот на влакното.


4. Мека и слаба коса

Поминете со прстите низ косата за да забележите дали тоа е лесно или ви се заплеткуваат прамените. Секојдневното расчешлување и пеглање на косата ја прави послаба, но со секое кратење се враќа нејзината живост.

„Бјути бар„


5. Многу често користите производи и уреди за стилизирање

Иако не се препорачува нивно секојдневно користење, сепак повеќето девојки не излегуваат од дома ако не се беспрекорно средени. Но, честата употреба ја уништува косата, особено на врвовите, затоа се препорачува почесто кратење.

Советува: Софија Стојчевска од „Бјути бар“