Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари вчера беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога Апелациониот суд го прифати нејзиното барање. Таа беше покриена со качулка на главата, а од комбето до станот ја спроведоа двајца полицајци.
Јанева во истражниот затвор во Шуто Оризари беше од 21 август годинава кога беше уапсена како второосомничена за случајот „Рекет“.
Таа неколкупати беше хоспитализирана во болницата „Жан Митрев“ поради проблеми со висок крвен притисок и анксиозност по што ѝ беше препишувана соодветна терапија и беше враќана во истражниот затвор.
Апелациониот суд ја донел ваквата одлука ценејќи ја здравствената состојба на ексшефицата на СЈО, како и околностите дека за неа е веќе поднесено обвинение. На Јанева ѝ е одземен пасошот, а државата нема да смее да ја напушти ниту со лична карта.

Првото рочиште за „Рекет“ е закажано за 3 декември.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















