„Бјути бар“ совети – Педикир и нега на стапала во зима

1381
„Женските стапала треба редовно да се негуваат. Тие треба секогаш да се мазни и привлечни преку целата година, а не само во текот на летните месеци. Најголемиот и најчестиот проблем кој го уништува убавиот изглед на стопалата е грубата кожа и испуканите пети, а воедно и негата на ноктите!“, вели Маја Јовановска од салонот за убавина и нега „Бјути бар“.
Причината за испуканите пети најчесто доаѓа од изборот на обувките и временските услови. Летниот период кожата е изложена на посув третман добивајки го од топлината и отворените обувки и затоа педикирот треба е поцест во тие месеци! Исто така педикирот е многу позабавен во лето заради големиот избор на бои во лак и гел лак нијанси.
Кога станува збор за негата во зимскиот период , истата никако не смее да биде запоставена. Кожата се уште продолжуваме да ја третираме и негуваме додека ноктите ги оставаме во средена и чиста површина со тоа што гел лакот го отстрануваме за да може самиот да се обнови по неколку месечно  активно нанесување на истиот.
За дополнителен третман на нега и уживање ви препорачуваме поинтензивен пилинг и секако маска (парафин) кои што исто така ќе придонесат за нега и убавина на вашите стапала.  Овие пилинзи и маски можете да ги најдете во „Бјути бар“.