Почитувани читатели и читателки, од денес и официјално стартува рубриката “Бјути бар совети” во чии рамки заеднички со тимот на салонот за убавина, “Бјути Бар”, ќе ве советуваме на тема нега и убавина.
Денес дискутираме за актуелните есенски трендови во светот на маникирот, односно за актуелните бои и форми на нокти кои ќе се носат оваа престојна сезона, но и за негата и грижата на дланките и рацете.

Имено, велат дека правата дама секогаш се познава по рацете. Затоа треба да обрнете внимание на изгледот на вашите дланки и нокти. Во никој случај, не смеете да си дозволите да шетате наоколу со уништен лак. И се разбира, добро е да ги следите трендовите, потенцираат од Бјути Бар и додаваат дека времето на долги и вештачки нокти е аут, односно сега се носат пократки и средени нокти во коцка форма, или пак овални со средна должина.
Во однос на боите, од Бјути велат: Францускиот маникир со класична бела линија и црвениот лак се се уште тренд и оваа есен, но забавата продолжува со големиот избор на бои во пастелна и потемна нијанса! Оваа година можете да одберете лак во било која светла боја, а асполутен ин се пудрестите во крем и розова нијанса. Темните бои,пак, носат разиграност и забава оваа есен. Кафеавата, црната и мастило бојата со соодветен дизајн се одличен избор за вас, категорично тврдат од “Бјути Бар”.

Совет плус за нега : Негата на рацете е исклучително важна за овој период во годината! Со самиот пад на температурите , кожата станува посува, а треба да ја заштитите со секојдневно ставање на хидрантна крема за раце, но и со редовно правење на пилинг, како и користење на парафински ракавици со кои ќе се заштити кожата од надворешни влијанија.

Важно: Апсолутно се што е горе споменето во текстот можете да го најдете во салонот за убавина “Бјути Бар”.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















