По денешната информација дека Апелацискиот суд во Скопје делумно ја уважил жалбата на првообвинетиот Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“ на СЈО, а во целост ја потврдил казната на второбвинетиот Никола Груевски, Основниот суд Скопје 1 ги објасни следните чекори на судскиот систем.
„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со одлуката на
Апелациониот суд – Скопје КОКЖ – 23/18 со која делумно се уважува
жалбата на првообвинетиот и во целост се одбива жалбата на второобвинетиот во предметот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје со КОК 59/17, во јавноста познат како „Тенк“, ја информираме јавноста дека по приемот на предметот од Апелациониот суд истиот согласно АКМИС – електронскиот систем за процесуирање на предмети ќе биде распределен на судија за извршување санкции за натамошно постапување“, наведува судот.
Ѓоко Поповски во првична постапка беше осуден на 6,5 години затвор, а со одлуката на Апелацискиот суд неговата казна е намалена на 4,5 години затвор. На второбвинетиот Никола Груевски, пак, потврдена му е казната од две години затвор.
Според Основен суд Скооје 1, судијата за извршување санкции, согласно Законските одредби, изготвува упатен акт, што го доставува до осудените лица во предметот и истите, по приемот, се должни доброволно да се јават на извршување на определната санкција.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















