Тие починаа заедно во болницата во истата минута.
Патриша и Лесли МекВатерс поминаа заедно 47 години. Тие основаа семејство, воспитуваа деца, израснаа внуци и правнуци. Минатата недела тие починаа како резултат на инфекција со ковид-19 во истата минута.
– Буквално сторија сè заедно. Иако бевме сериозно погодени од нивната смрт, сега кога размислувам за тоа, не е толку изненадувачки бидејќи тие беа цело време заедно – изјави Џоана Сиск, една од нивните две ќерки.
МекВатерс е меѓу 268.087 лица кои починале од коронавирус во САД. И бидејќи бројот на хоспитализации постојано достигнува нови највисоки нивоа, експертите се загрижени дека ќе следат уште значително поголем број смртни случаи, пишува Си-Ен-Ен.
Кога Патриша добила коронавирус, таа отишла во болница, но тие ја испратиле дома и и рекле да се изолира. Иако се чувствуваше прилично лошо, по 35 години работа како медицинска сестра, не ја преиспитала одлуката на лекарот.
Следната недела, и Патриша и Лесли завршија во болница, тие беа толку болни што ги однесе брза помош. Тие биле во болница една недела, а потоа починале во истата минута, според сведочењето на медицинските сестри.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



