Сараевските ќебапи станаа препознатлив бренд во цел свет и долго се криеше рецептот за нив, а сега прв пат е објавен рецептот – како се прават традиционални сараевски ќебапи, оние чаршиските по кои Сараево е препознатлив град.
Еве како сами да направите смеса за ќебапи:
Поентата е во доброто месо, начинот на подготовка, и смесата добро да отстои. Се` што ви е потребно за вистински ќебапи е 1.5 кг мелено телешко месо, 0.5 кг јагнешко, 4-5 чешниња бел лук – 2 отсто од вкупната количина месо, сол и 2 лажички сода бикарбона.
Начин на подготовка:
Месото исечено на коцки добро насолете го, измешајте го и полијте го со околу 100мл вода и лук кој претходно малку сте го подвариле. Смесата измешајте ја и оставете ја преку ноќ во фрижидер. Следниот ден смесата сомелете ја во машина за месо два пати, оставете да отстои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.
Пред да почнете да обликувате ќебапи во смесата додадете сода бикарбона и тоа е тоа.
На здравје!








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)





![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)



