Некогашната манекенка Кристи Бринкли се појавила на премиерата на филмот “Book Club” и со својот изглед уште еднаш докажала дека годините не се препрека за сексапил.
По повеќе од триесет години кога била на врвот од својата популарност, Кристи Бринкли и понатаму воодушевува кога и да се појави пред камерите.
Убавицата за која велат дека изгледа како да не старее, во 64-тата година од животот успеала да го освои црвениот тепих и да предизвика восхит кај сите присутни гости.
Атрактивната русокоса за оваа прилика избрала тесен бордо фустан, а перфектниот крој и должината ги откривале нејзините извајани нозе и обликуван струк на кој ѝ завидуваат нејзините помлади колешки.
Претходно, на прашањето како успеала да го зачува својот младешки изглед, Кристи вели дека главните “виновници” се веганската исхрана, кардио вежбите и јогата.
Притоа, таа вели дека нејзиното тело е природно и дека не правела никакви корекции на лицето иако признава дека користела ботокс само еднаш во животот.