„Бев никој и ништо, а многумина од присутните тука ми дадоа втора шанса“: Поради говорот на Хоакин Феникс плаче и аплаудира цела планета

493

На синоќешното доделување на наградите за Оскар, Хоакин Феникс ја доби наградата за најдобра машка главна улога, за улогата во филмот „Џокер“, а кога излезе на сцената на Делби театарот за да ја прими најпрестижната филмска награда одржал емотивен говор.

Хоакин Феникс важеше за еден од фаворитите на овогодишното доделување на Оскарите, а неговиот говор предизвикал овации во целата сала бидејќи изјавил дека “не се чувствува подобар од своите колеги само затоа што освоил Оскар“.

„Не се чувствувам подобар од своите колеги затоа што сите ја делиме истата љубов кон филмот и овој начин на изразување кој ми овозможи неверојатен живот. Не знам каде би бил сега доколку ја нема глумата. Бев никој и ништо, некогаш груб, некогаш тежок за разбирање. Многумина од оваа соба ми дадоа втора шанса“ – искрено рекол Феникс по што следел огромен аплауз.

Тој исто така додал дека смета дека тој и неговите колеги се својствени борци за правда…

Сите добитници на овогодишните награди за Оскар може да ги прочитате ТУКА.