Најмалку 125 пожарникари се обидуваат со помош на 15 противпожарни камиони да го изгасат пожарот кој изби во стамбена зграда на истокот на Лондон.
Портпаролот на противпожарната единица која интервенираше во Фермаунт соопшти дека пожарот избил на осмиот, деветиот и десетиот кат од зградата која има 19 катови.
Засега не е позната причината за пожарот, ниту тоа дали има повредени. На терен излегле голем број на екипи на итната помош, како и специјални екипи за брзо реагирање.
Grenfell-clad New Providence Wharf on fire @ballymore @BorisJohnson @RobertJenrick what are you doing to protect us??? #FireSafetyBill #firesafetyscandal pic.twitter.com/98mf2dRFGk
— Natalie Carter (@nat77splat) May 7, 2021
Екипите на итната служба соопштија дека им помогнале на повеќе лица кои што за среќа успеале на време да ја напуштат зградата.
Жителите на Њу Провиденс Ворф се обидувале да ја променат фасадата на зградата од 2017-та година кога во пожарот на кулата Гренфел загинаа 72 лица. Градежните работи требало да започнат во април.
Twenty fire engines and hundreds of firefighters are tackling a blaze at a block of flats in Poplar, East London.
Read more: https://t.co/Mtu3Ewq0QD pic.twitter.com/kuenemGElO
— LBC (@LBC) May 7, 2021