Тамара Тодевска се збогува со тагата!

1437

„Довидување таго“ е насловот на новата песна на Тамара Тодевска, чие видео пејачката  го претстави денес. Новиот сингл, кој доаѓа по пауза од цели три години од објавувањето на албумот „Еден ден”, а автори се долгогодишните соработници што се потпишуваат на нејзините најголеми хитови – Роберт Билбилов и Игор Џамбазов.

“Момент на убаво чувство. Ми се познава нели? Ова е крај на снимањето. Тука сум премрзната како коцка лед. Дуваше толку силен ветер, да ми дуваше уште три дена во главата. Покрај тоа, ни чамецот не ни палеше да се вратиме од местото каде снимавме, до нашите сместувалишта, но задоволството направи од тоа ништо да не е важно”, откри пејачката непосредно по завршувањето на снимањето на спотот кој е дело на Чедо Поповски, а кадрите се направени на повеќе локации во соседна Грција.

Темата инаку е посветена на нејзината ќеркичка Хана, а наскоро малата наследничка ќе добие и братче.

“Кога дознавме за бременоста се израдувавме, затоа што и двајцата сметаме дека ова е нешто што само ќе ја надополни нашата среќа. Не мислам дека Хана ќе изгуби од нашето внимание и дека е прерано да се има второ дете. Вака ќе биде весело и многу, многу гласно”, рече пејачката.