Бекенбауер: И во 1974. изгубивме на стартот, а потоа го освоивме Мундијалот

1018

Легендата на германскиот фудбал, Франц Бекенбауер го спореди Светското првенство 2018 со шампионатот во 1974 година.

Тој смета дека германскиот тим може да се рехабилитира по неуспешниот почеток во Русија. Германија во 1.коло загуби од Мексико со 1:0.

– Можам да го споредам овој шампионат со оној во 1974 година, кога станавме шампиони. Тогаш се започна пред почетокот на Светското првенство, кога се расправавме со федерацијата поради бонуси. Потоа загубивме во првиот натпревар со резултат 0:1. Се сеќавам на ноќта по натпреварот. Седевме околу неколку шишиња вино и ги раскажувавме нашите впечатоци, истакна Бекенбауер.

Германците во продолжение на Мундијалот заиграа подобро и стигнаа до трофејот по триумфот над Холандија во финалето во Минхен со 2:1.