Неверојатно: Саудиска Арабија ќе ископа канал за физички да го отстрани Катар и од полуостров да го направи – остров!

1118

Поради драстично нарушените односи помеѓу двете земји, саудиските власти планираат да ископаат канал долж границата со Катар и физички да ја отстранат оваа земја, со што Катар од полуостровска ќе стане островска држава.

Конфликтот помеѓу властите на Саудиска Арабија и Катар добива нови димензии – имено, откако Саудиска Арабија на најразлични начини се обиде да го изолира својот сосед, сега властите од Ријад ќе се обидат да направат нешто неверојатно.

Позната беше блокадата на Заливските земји кога Саудиска Арабија ги вовлече своите сојузници и ги сврти против Катар, а сега Ријад ќе се надмине со најновиот план – физичко отстанување на Катар од Арапскиот полуостров со копање на голем канал долж границата помеѓу двете држави, со што Катар од полуостровска ќе стане островска држава.

Локални извори откриваат дека властите на Саудиска Арабија наскоро ќе распишат тендер на кој што ќе се избира градежна компанија која што ќе го спроведе проектот за копање на каналот помеѓу границата на двете земји.

Саудискиот весник „Маках“ открива дека јавниот тендер ќе биде распишан на 25-ти јуни и се открива дека досега се јавиле 5 компании кои што ќе се натпреваруваат за „физичкото отстранување“ на Катар од Арапскиот полуостров.

Според првичните планови, целиот канал ќе биде на саудиска територија и ќе биде на помалку од еден километар од сегашната граница со Катар, но ќе биде направена измена, па на просторот од каналот до границата со Катар, Саудиска Арабија ќе изгради воена база, а најголемиот дел од просторот ќе биде искористен за складирање на нуклеарниот отпад.

Од официјален Ријад проценуваат дека за копање на каналот долж гранциата со Катар ќе биде потребна една година. Каналот би требало да биде долг 60 километри и широк околу 200 метри, а целиот зафат ќе ја чини Саудиска Арабија околу 750 милиони долари.