Угостителите бараа да продолжат семејните прослави во рестораните

770

Угостителите побараа од Владата итно укинување на Уредбата со која се забранува организирање свадби, крштевки и родендени. Основа за нивните барања се протоколите за растојание и соодветните хигиенско-санитарни услови. Велат дека неоправдано досега државата према нив се однесува како да се најопасни за ширење на заразата со вирусот. Ако државата не им ги исполни барањата, најавија масовен протест за идната недела.

Барањата ги презентираат Перица Голомеиќ и Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителска комора при ССК.