Барди: Да бидеме трпеливи и концентрирани и ќе дојдат до израз нашите квалитети

0
76

Фудбалската репрезентација на Македонија во комплетен состав ги одработува подготивките за дуелот со Лихтенштајн што се игра во петок навечер (20:45 часот). Нашата селекција е комплетна откако последен се приклучи капитенот Горан Пандев. Репрезентативците се подготвуваат во швајцарското место Фусисберг, а утре заминуваат за Вадуц каде се игра и натпреварот.

– Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде најдоброто од себе за да ја оствариме целта и да победиме против Лихтенштајн. Мораме да бидеме трпеливи и концентрирани, а тогаш ќе дојдат до израз нашите квалитети. Во Скопје одигравме одлично, но тој резултат не смее да не залажува бидејќи Лихтенштајн сигурно ќе сака да го поправи впечатокот пред домашната публика. Свесни сме за важноста на натпреварот и треба е да одиграме тактички добро и организирано. Мотиви и желба не недостасуваат, напротив, пред оваа генерација е голема прилика да обезбеди место на Европско првенство. Сами решаваме за нашето место во групата и одиме да победиме, изјави Енис Барди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here