Претседателот на САД, Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин договорија продолжување на договорот околу контролата на оружјето.
Тие во телефонски разговор се согласија да продолжи новиот СТАРТ договор за контрола на нуклеарното оружје пред неговиот истек на почетокот на следниот месец. Ова е прв разговор меѓу двајцата лидери, по инаугурацијата на Бајден минатата недела. Двајцата разговарале за подготвеноста на двете земји да го продолжат Новиот СТАРТ за пет години, соопшти Белата куќа.
Белата куќа соопшти дека Бајден ја потврдил поддршката на САД за суверенитетот на Украина наспроти поддршката на Москва за сепаратистите на истокот од земјата и нејзината постојана окупација на Крим. Бајден исто така го посочи и сомневањето дека Русија стоела зад масовното хакирање на американската влада. Тие разговарале и за труењето на критичарот на Кремљ, Алексиј Навални. „Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека САД ќе дејствуваат цврсто во одбрана на своите национални интереси како одговор на постапките на Русија што им штетат на нас или на нашите сојузници“, соопшти Белата куќа.