Белгискиот интернационалец Еден Азар тврди дека стилот на Маурицио Сари перфектно му одговара и дека е задоволен од она што го бараат од него.
Сари го превзема Челси ова лето, по заминувањето на Антонио Конте, а сега доаѓаат и првите благи, но сепак отровни стрели за претходните двајца менаџери на клубот, кои според изјавата на Азар, немале баш најдобар стил на игра.
Знаеме дека Премиерлигата е првенство кое бара одредени напори, техники и различен стил на игра од останатите првенства, па токму поради тоа, Азар тврди дека Сари е одличен тренер.
„Ми се допаѓа овој стил и тип на игра. Сосема различно од претходните двајца тренери, Конте и Мурињо. Како што реков и порано, имаме поголем посед на топката, што за мене не е лошо“.
„Но мислам дека големата разлика е што доведовме двајца важни играчи, Жоргињо и Ковачиќ, и со нив се е поразлично. Кога ја имаме топката во поголем посед кај нас, имаме шанси да бидеме повеќе опасно кон противничкиот гол“, нагласи Азар.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















