Америка ја погодил “арктички” леден бран и ја симнал температурата на минус 50, поради што градовите на средниот запад речиси престанале да функционираат, а екстремните студови досега однеле неколку животи.
На другата страна на планетата, во Австралија и на Нов Зеланд, забележани биле високи температури поради кои асфалтот се топел.
Додека на северната хемисфера Америка се бори со снег и студ, на јужната е целосна спротивност. Разликата во температурите на јужната и северната хемисфера, изнесува дури 100 степени.
Во двата дела на светот времето “полудело”, но всушност контрастот е застрашувачки. Додека на луѓето на средниот американски запад им се препорачува што да прават за да ги преживеат екстремно ниските температури, живите суштества во Австралија и на Нов Зеланд минатата недела се соочиле со историски жежок бран и пожари предизвикани од истиот.
Се очекува дека делови од САД до крајот на седмицата ќе бидат зафатени од многу ниски температури кои ќе се спуштат и до минус 53 степени, предупредуваат метеоролозите. Австралија се борела со топлотниот бран кој траел со денови, а последиците биле многу сериозни. Луѓето барале спас од горештините на плажите ширум земјата.
Во Чикаго вечерва била измерена температура од -30 степени Целзиусови, што е постудено отколку во некои делови на Антарктикот. Во местото Гранд Форкс во Северна Дакота, вечерва биле измерени -54 степени. Рекордно високата температура ја зафатила цела Австралија, посебно западот, каде биле измерени и 50 степени Целзиусови.
Колку е навистина студено во Америка, зборува и податокот дека дошло предупредување од метеоролозите дека на толку ниски температури е можно замрзнување по изложеност од само 10 минути. Исто така, работниците од чикашката железничка мрежа почнале да ги палат шините за да се загреат и да го спречат снегот и мразот да го блокираат сообраќајот и градот. Во Австралија поради горештините умираат животни, а минатата недела биле пронајдени 90 диви коњи кои починале поради жешкиот бран.

















![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












