Фудбалерот на Арсенал Арон Ремзи потврди дека ќе го напушти клубот. Тој зборуваше првпат откако стана јасно дека тимот ја повлекол својата понуда за нов договор.
Дваесет и седум-годишниот велшки репрезентативец се чини дека се движи кон крајот на својот престој кај „топџиите“ откако тимот од Лондон ја повлекле својата понуда на крајот од минатиот месец. Актуелниот договор помеѓу двете страни истекува на крајот од сезоната. Ова значи дека ако нов не се потпише до Нова Година, тогаш Ремзи е во позиција слободно да преговара со други клубови и на крајот да потпише прелиминарен договор.
Медиумите веќе објавија дека играчот од средниот ред може да се пресели во Манчестер Јунајтед, Челзи, Јувентус или Милан во зимскиот трансфер прозорец.
– Ова е одлуката што ја направија, но такви работи се случуваат во фудбалот, и јас само треба да продолжам напред и да продолжам да играм најдобро што можам. Јас се концентрирам на ова – да се справам најдобро што можам за Арсенал. Се беше добро, мислев дека дојдовме до ситуација каде што се разбравме за новиот договор, но тоа веќе не е случај, изјави Ремзи.




![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)

![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)














![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-100x70.jpg)


