Ангеловска: Објавени имињата на лицата кои ќе добијат платежна картичка

6601

Неделава ќе започне издавањето на домашната платежна картичка, објави на денешната прес конференција министерката за финансии, Нина Ангеловска.

-Завршени се сите постапки и оваа недела започнува издавањето на истата. Изготвени се списоците, кои можете да ги видите на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, рече Ангеловска.

Таа појасни дека потребно е граѓаните да го внесат само матичниот број, и да се најдат на листата. Картичките дел од банките ќе ги достават на домашна адреса, а дел ќе можат да се подигнат во експозитурите на банките.