Ужас каков што не е виден од времето на Нацистите: Во Чеченија постојат логори за смрт на хомосексуалците!

450

Чеченските власти го отворија првиот концентрационен логор за хомосексуалците од времето на Адолф Хитлер во кој што геј мажите се измачуваат со електрошокови и се претепуваат до смрт.

Како што пренесува руски „Нова Газета“, над 100 хомосексуалци се затворени, а тројца биле убиени во Чеченија минатата седмица. Властите ги отвориле логорите за да ги убиваат хомосексуалците или пак да ги измачуваат додека не ветат дека ќе ја напуштат руската сојузна република.

„Хомосексуалците ги затвораат во логори, а ние работиме на тоа да ги извадиме од таму. Некои од нив веќе ја имаат напуштено земјата“, изјави Светлана Захарова од руската ЛГБТ мрежа.

Тие кои што успеале да побегнат од озлогласените кампови раскажуваат за своето страшно искуство кое што го доживеале таму. Според нивните зборови, мажите се затворени во иста соба во која што има од 30 до 40 луѓе. Таму преживуваат вистинска тортура, ги измачуваат со електрошокови и често се претепувани до смрт.

Еден од преживеаните за „Нова Газета“ открил дека со брутално претепување, властите се обидуваат од затворениците да откријат и други членови на руската геј заедница. Друг открива дека за да преживее, морал да им даде мито на припадниците на челенската полиција.

„Имаат само две опции – да се кријат или да ја напуштат земјата. Во контакт сме со ЛГБТ мрежата која што им помага на луѓето во Русија да пронајдат засолниште. Проблем е тоа што луѓето не смеат да зборуваат за тоа, затоа што се плашат за своите животи. Ова е главниот предизвик со кој што се соочуваме во Русија“, изјави Александар Артемијев од „Амнести Интернешнл“ во Русија.

Малку луѓе во Чеченија се осудуваат да разговараат со активистите за човекови права или со новинарските екипи, затоа што владее огромен страв. Според „Нова Газета“, меѓу затворените имало и познати личности и религиски фигури. Претседателот на републиката, Рамзан Кадиров кој е клучен сојузник на Путин, наводно го наредил затворањето на хомосексуалците, иако официјално неговиот режим ги негира апсењата.

Кадиров кој што воведе исламска власт во регионот каде што мнозинството на граѓани се муслимани и порано беше обвинуван за прекршување на човечките права.

„Ако има такви во Чеченија, полицијата не мора да се грижи за нив, затоа што нивните роднини ќе ги испратат таму од каде што никогаш не би се вратиле“, изјави Алви Каримов, портпарол на претседателот Кадиров кој што владее во чеченското конзервативно општество.