Ана Николиќ во друштво на ќерка си замина на одмор за кој платила 20.000 евра?!

158

Како што пренесуваат српските медиуми, Ана Николиќ официјално ги завршила подготовките околу новиот албум „Клиника“, а по тој повод одлучила да се почести со одмор.

Имено, Ана уплатила на две егзотични дестинации за одмор, така што во моментов заедно со ќерката Тара ужива во убавините на Тајланд, а претходно биле во Дубаи.

View this post on Instagram

📸 💄 by @bojanvukadinov

A post shared by 𝐀𝐍𝐀 𝐍𝐈𝐊𝐎𝐋𝐈𝐂 (@ananikolicofficial) on

Ана уште лани испланира, откако ќе заврши со снимање на новиот албум, таа и Тара да заминат на одмор на некоја далечна дестинација. Бидејќи не можеше да се одлучи каде, уплати на две егзотични дестинации. Прво беа во Дубаи, а потоа продолжија на Тајланд. За хотелите, храната и превозот Ана искешира 20.000 евра. Престојот во Дубаи, го искористи и за шопинг, па се почести со скапи парчиња, а и на Тара ѝ купи облека. Се поднови со нови парчиња, кои одлично и стојат. Откако ќе се врати од одмор, ќе го објави новиот албум и ќе ѝ се посвети на неговата промоција. Планира да почне и со настапите, така што овој одмор навистина ѝ беше потребен за да ги наполни батериите и да се подготви за сè што ја очекува“, рекол извор за „Информер“, и додал дека пејачката посебно ужива во тајландската кујна и масажа.

Веќе не можам да замислам еднаш годишно да не ја посетам таа прекрасна земја. Толку се навикав на престојот таму, што кога ќе слетам во Пукет имам чувство дека одам на гости кај пријатели. Деновите кои ги минувам се преполни со уживање, а освен одличната клима, која неизмерно ми годи, ги обожавам и нивната зачинета храна, свежото и слатко овошје, како и кокосовото млеко. Имаат и прекрасно море, песок и навистина уживам“, рекла Ана во една пригода.