Виртуозот Симон Трчевски го прекина концертот во Штип поради лошите услови во салата – Немало греење и струја

550

Светски познатиот пијанист Симон Трпчевски деновиве после пауза од 11 години повторно настапи во Штип.

Концертот кој што се одржа во рамки на Домот на културата „Ацо Шопов“ виртуозот бил приморан да го прекине поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а имало проблеми и со струјата.

„Овој концерт ме потсетува на еден концерт кој го одржав пред три недели во главниот град на Узбекистан, Ташкент, каде што газеле нашите беломорски Македонци кои биле приморани да ја напуштат Егејска Македонија и топло ги профатиле таму, па се вратиле итн. Мене ми беше мило да одам и да отсвирам таму и таму во говорот пред публиката се потсетив на трет концерт којшто се одржа пред 11-12 години во Прилеп, каде што јас настапив на сцена со греалка покрај моите нозе. И ќе ви парафразирам што ѝ кажав на публиката. Практично разбрав дека почнувајќи од утре, официјалните институции на Штип ќе работат без греење за да можат да разберат тие луѓе таму што значи овие луѓе на сцена да работат на вакви темепратури“, рече иронично маестро Трпчески.

Во видеото во продолжение ќе можете целосно да видите за што точно станува збор: