Д-р Брајан Монахан, доктор при Конгресот САД и американскиот Врховен суд, изјавил дека се очекува околу 70 до 150 милиони луѓе во САД да бидат заразени од коронавирусот, пренесуваат од „NBC News“ повикувајќи се на два извора.
Монахан го изјавил ова во текот на состанокот зад затворени врати со членовите вработени во Сенатот. На состанокот не бил сенаторот туку само административните вработени од двете партии.
Иако вирусот се запира во Кина, откаде што потекна, тој во забрзан ритам се шири во останатите земји, изјавија од СЗО.
Во САД бројот на заразени драстично пораснал во текот на минатата седмица. Вирусот во тој период заразил 1.030 луѓе, а воедно се проширил во најлмалку 36 држави, покажуваат податовите од Универзитетот Џонс Хопкинс.

Експертите за заразни болести велат дека вирусот досега е посмртоносен и позаразен од сезонски грип, а многу од експертите и американските здравствени работници велат дека стапката на смртност е 1 отсто што го прави 10 пати посмртоносен од грипот.
Марк Липсич, професор по епидемиологија на Харвард, претходно изјавил дека мисли дека околу 40 до 70 отсто од светската популација би можела да биде заразена од вирусот, а од нив 1 отсто ќе завршат фатално.
„Ќе има повеќе заразени и работите ќе бидат полоши од моменталните“ – изјавил д-р Антони Фаучи, директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести.