Американскиот таблоид “TMZ” објави информација дека Раде Шербеџија бил уапсен поради возење во пијана состојба.
Како што пишува таблоидот, актерот бил уапсен во Санта Моника во пијана состојба, а во автомобилот било пронајдено отворено шише виски. Тестирањето покажало дека Шербеџија имал поголемо ниво на алкохол во крвта од дозволеното.

И додека Американците пишуваат дека Раде бил пуштен од притвор откако платил кауција и ја пренесуваат фотографијата која е наводно објавена од страна на полициската станица во Санта Моника, Шербеџија за српскиот “Блиц” изјавил дека ја платил казната на лице место и веднаш потоа бил пуштен.

“Немаше никакви прекршоци во возењето. Стануваше збор за рутинска проверка, а бидејќи испив три чаши вино, алкотестот беше малку над дозволената граница”, изјавил актерот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















