Ејприл Лав Гири е 25-годишна манекенка која има две ќерки со познатиот пејач Робин Рик, а за себе вели дека е благодарна на тежината која ја добила по породувањето.
Таа на Инстаграм стори споделила дека се соочува со критики на сметка на својата телесна тежина и градба на тело, откако родила две деца.
„Само да ве известам дека воопшто не ми значат вашите коментари кога ќе кажете дека сум била многу попривлечна кога бев послаба. Затоа што претходно, пред да добијам бебе, немав толку голем задник и поради тоа засекогаш сум благодарна на тежината која ја добив“, изјавила Ејприл.
Иако не навела конкретно што ѝ пишувале на социјалните мрежи, во свој стил јасно ставила до знаење дека коментарите не ѝ значат ништо.
Уште во февруари, Ејприл споделила провокативни фотографии за Денот на вљубените.
На фотографиите позирала во танга и со сатенски градник и напишала: „Моето главно јадење“.
Многумина веднаш ја осудиле дека е лош пример за своите ќерки.
„Има девојчиња. Тажната работа е тоа што таа верува дека ова ја охрабрува. Спротивно. Ова покажува – несигурна сум. Сигурна си во себе кога тоа не мораш да го докажуваш во јавноста“, бил еден од коментарите, пренесува „Daily Mail“.
Ејприл на тоа одговорила: „Не, оваа фотографија покажува: Во долна облека стојам пред својот вереник“.
Таа инаку додала дека потпишала предбрачен договор кога се венчала, а кажала и зошто: „Тој нема да се венча со било која жена после мене“.
Рик и Гири се вериле во 2018 година после четири години врска. Имаат три заеднички деца.