Албанските партии со заедничка листа за општинскиот совет во Чашка

47

За прв пат албанските апртии, односно ДУИ, АА и Алтернатива ги здружија силите за локалните избори. Коалицијата за општинскиот совет во Чашка ќе настапи со еден кандидат и една листа, со цел да обезбеди носењето одлуки да биде во рацете на Албанците во оваа општина. Жителите велат дека долго го чекале ова обединување на албанските партии за доброто на народот.

Ова е прв пат, и претходно имаше напредок, но не е направено ништо, потоа партиите се расцепкаа.
-Ова го чекавме долго.
Колку години се одржуваат избори и ова е прв пат да се оди со заедничка листа, сега имаме кандидат Албанец од ДУИ и имаме заедничка листа. Ова значи голема промена.

Кандидатот од редовите на ДУИ, Суат Шаќири вели дека обединувањето на албанскиот глас е клучот за победа.

Граѓаните на Чашка излегоа со еден кандидат за градоначалник на општината од редовите на ДУИ, со една листа за општинскиот совет. Постигнавме политичка зрелост за формирање ваква општа коалиција.

Инаку на минатите избори во 2017 Албанците имаа еден независен кандидат,но тој не влезе во втор круг. Албанците на минатите изброи го поддржаа актуелниот градоначалник на Чашка кој е од редовите на СДСМ.