Конор Мекгрегор направи хаос на црвениот тепих

44

УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор и раперот Машин Ган Кели за малку ќе имале физичка пресметка на црвениот тепих по повод MTV VMA наградите.

Имено, на фотографиите и снимките кои се појавиле на социјалните мрежи се гледа дека 33 годишниот Конор фрлил пијалак кон 31 годишниот рапер, но до конфликт не дошло поради навремена реакција на обезбедувањето.

Извори за магазинот “People” објасниле дека Конор побарал да се фотографира со раперот, но пејачот наводно го одбил неговото барање.

“Конор полуде поради тоа. Го испушти стапот, потоа го зеде и почнал да мавта кон Кели”, рекол изворот.

Во меѓувреме, претставникот на Конор не сакал да коментира за целата ситуација.

“Кели присуствуваше на последната борба на Конор. Мекгрегор и неговата сопруга отишле да ги заземат своите места и да уживаат во шоуто. Конор ги цени своите обожаватели”, порачал претставникот на ММА ѕвездата.

Инаку, Мекгрегор на црвениот тепих во Њујорк бил во друштво на сопругата Ди Девлин.

Од друга страна, Машин Ган Кели прошета со својата девојка Меган Фокс која се појави во целосно провиден фустан. Токму Меган во еден момент застанала во гужвата која се создала со цел заедно со обезбедувањето да спречи тепачка.