Комисијата за заразни болести утринава имала состанок, но точката за олабавување на мерката за скратување на полицискиот час да почнува од 23 часот воопшто не била дискутирана, бидејќи како што велат извори од таму, кризниот штаб воопшто не ја консултирал.
Кризниот штаб сам одлучил, што според комисијата за заразни не е првпат да не бидат прашани за мерките. Владата денеска на седница во 19 часот ќе одлучува за новиот предлог од кризниот штаб, полицискиот час да почнува од 23 и да трае до 05 часот изутрина, а летните тераси на кафеаните да работат до 22.30 часот.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 26 април до 2 мај бројот на ново заболени се намалил за 39,7%, но се намалил и бројот на тестирања за 17,6% во однос на неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје 41,5 отсто. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Виница. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















