„Никогаш не се препознавав себеси. Долго време не можев дури ниту да гледам фотографии од себе“, вели таа и открива дека ѝ било тешко дури и да облече блуза дизајнирана за жени, но немало како да им го објасни тоа на луѓето околу себе.

Актерката Елен Пејџ (34) кон крајот на 2020 година откри дека е трансродна личност и дека сака сите да ѝ се обраќаат со Елиот.



Сега, таа за првпат јавно излезе како трансродов маж и позираше на насловната страница на магазинот „Time“.
„Очекував многу голема поддршка и љубов, но и омраза и трансфобија и токму тоа и се случи“, вели таа.
Открива дека уште како мало девојче сакала да има куса коса и со децении се борела околу својот идентитет.
„Се чувствував како момче. Сакав да бидам момче и ја прашував мојата мајка дали ќе може да бидам еден ден“, вели Елен во искреното интервју.

По постигната слава со филмовите како Juno и Inception, Пејџ се борела со депресија, анксиозност и панични напади.
„Никогаш не се препознавав себеси. Долго време не можев дури ниту да гледам фотографии од себе“, вели таа и открива дека ѝ било тешко дури и да облече блуза дизајнирана за жени, но немало како да им го објасни тоа на луѓето околу себе.
Таа прави и операции за промена на полот, вели дека сега е вистинската личност во своја кожа и дека сака да ја продолжи својата актерка кариера.
Во интервјуто Елен не го коментираше разводот со нејзината сопруга Ема Потер кој се случи на почетокот од 2021 година. Инаку, Ема ѝ даваше гласна поддршка на Елен за промена на полот. „Останавме блиски пријатели“, само кратко изјави таа.


















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















