“Ако нема правда, нема мир”, “Митото убива”: Протести ширум Бугарија поради грозоморното убиство на новинарката Маринова

481

Илјадници граѓани протестираа во повеќе градови ширум Бугарија поради убиството на новинарката Викторија Маринова во градот Русе.

Насобраниот народ носеше транспаренти со натписите: “Ако нема правда, нема ниту мир”, “Митото убива”. Протестите синоќа беа одржани и во други градови, Пловдив, Русе, Стара Загора, Јамбол, пренесува РТС.

Бугарскиот државен обвинител Сотир Цацаров синоќа соопшти дека властите немаат нови траги во врска со мотивите за силување и убиство на Маринова, а истовремено предупреди дека во оваа фаза на истрагата потребна е претпазливост.

Според неговите зборови, официјалните лица ги следат сите нивоа на истрагата за нејзиното убиство, пренесуа АП.

“Во оваа фаза мораме да бидеме претпазливи, не поради тоа што немаме што да кажеме, туку поради тоа што секој неприцезно изговорен збор може да ја загрози нашата работа”, рекол Цацаров.

Тој заклучил дека едно е сигурно – нападот беше крајно брутален и крајно монструозен.

Бугарската истражувачка, новинарката Викторија Маринова (30) беше брутално претепана, силувана и задавена во саботата во градот Русе, во северниот дел на Бугарија, а нејзиното тело е пронајдено во паркот во близина на реката.

Маринова беше новинарка и уредничка на бугарската телевизија ТВН и известувала за истрагата за наводната корупција поврзана со фондовите на Европската унија.