Угостителите го подготвија предлог-протоколот за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови, кој ќе биде доставен до Комисијата за заразни болести, било договорено на средбатa со вицепремриот Битиќи и директорот на пазарниот инспекторат Пауновски.
Од 15. март 2020 имаме забрана за свадби, крштевки…Броиме финансиски загуби за режиски трошоци. Очекуваме доколку за скоро време не се дозволи наше отворање – да дојдеме до стечај, вели Марија Синадиновска Арсовска, Иницијативен одбор на ресторани за организирање настани во Студио 10 на ТВ24.
„Над 6.000 луѓе работат во оваа дејност, ова е комплексна индустрија, во која сме засегнати. Направивме серија протести, пред владата гостин ни беше министерот Битиќи, побаравме средба. Побаравме дозвола за отворање, побаравме и времен протокол за свадби и организирани настани кои вклучуваат музика и поголем број на луѓе. Едно од барањата беше безусловна поддршка за придонеси и плати за вработените, и за последното барање ни беше да добиеме грант помош. Ако имаме сала за 500 гости, можеме да направиме организирана веселба со 250 гости, би се запазиле протоколите. Спорен е моментот што немаме добиено датум со временска динамика за отворање на нашите капацитети. Ги ставаме во заблуда сите младенците од минатата година, но и новите на кои не можеме да им дадеме насоки“ , вели Синадиновска Арсовска.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

